Дома Фудбал Англија Фабрегас ја остави отворена можноста за враќање во Арсенал

Фабрегас ја остави отворена можноста за враќање во Арсенал

Шпанскиот фудбалер Цеск Фабрегас ја истави отворена можноста да се врати во редовите на Арсенал.

Иако после Арсенал, Фабрегас играше за Барселона и моментално за Челси, сепак мора да се признае дека најдобрите денови од кариерата ги помина во дресот на Арсенал, каде би можел да се врати еден ден.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За време на сесија на Q & A на Твитер во неделата, Фабрегас беше запрашан: Дали ќе се вратите во Арсенал како тренер во иднина ако имате шанса? Неговиот одговор беше краток и јасен: “Се разбира”, изјави Фабрегас.

Да се потсетиме, Фабрегас има 30 години, а член на Арсенал беше се до 2011 година кога се пресели во Барселона, каде што играше во деновите на младоста. Тој моментно е член на Челси, каде што пристигна во летото 2015 година.

Во текот на оваа сезона, одигра вкупно 41 натпревар за Челзи и постигна два гола со девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус има три начини да го задржи Влаховиќ

Душан Влаховиќ ќе може од зима да преговара со други клубови за својата иднина, бидејќи на…