Дома Трансфер зона Фабрегас го прави најшокантниот трансфер ова лето

Фабрегас го прави најшокантниот трансфер ова лето

Поранешниот шпански репрезентативец Цеск Фабрегас реши кариерата да ја продолжи во Италија и тоа во второлигашот Комо.

Искусниот 35-годишен плејмејкер минатата сезона играше за Монако и иако имаше најави дека ќе се врати во Шпанија, тој се одлучи за авантура во Италија.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Фабрегас во Комо треба да остане во следните две сезони. Комо минатата сезона го завзема 13 место во Серија Б, а сега со Фабрегас во тимот сигурно амбициите ќе бидат многу повисоки.

Фабрегас професионалната кариера ја започна во Арсенал каде после 8 години се пресели во Барселона, а потоа играше и за Челзи и Монако.

Тој беше дел од златната генерација на Шпанија која во 2008 и 2012 година го освои Европското првенство, како и Мундијалот во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Атлетико ја исполни желбата на Симеоне – се засили со фудбалерот кој игра одлично ЕП

Реал Мадрид ја исполни желбата на Диего Симеоне и во своите редови го доведе Роби Ле Норма…