
Враќањето на Нате Диаз во УФЦ е одложено поради повредата на Дастин Пориер.
Диаз и Пориер требаше да се борат во октагон на 3-ти ноември на УФЦ 230 евентот во Њујорк, но мечот е откажан поради повредата на Пориер.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
УФЦ нема да се обиде да пронајде замена за Диаз. Сметајќи дека би можел да се случи нов дуел со Конор Мекгрегор кон крајот на оваа или почетокот на наредната година, но не е јасно колку Ирецот е заинтересиран за нешто бидејќи негова желба е реванш со Кабиб Нурмагомедов.
Познатиот новинар Ариел Хелвани успеа да добие краток одговор од Диаз што има намера да направи бидејќи е откажан мечот со Пориер. Доби краток и јасен одговор.
„Ќе се борам само со Кабиб кога тој ќе биде спремен“, кратко порача Диаз.
Диаз последната борба ја имаше во август 2016 година кога беше поразен од Мекгрегор со судиско бодување.
Нема соменвање дека борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов придонесе за поголема популарност на комплетната организација на УФЦ.