Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Уште еден фудбалер со докажани срцеви проблеми игра на ЕУРО

Уште еден фудбалер со докажани срцеви проблеми игра на ЕУРО

Драматичната сцена со Кристијан Ериксен предизвика паника и страв кај многумина, а особено кај холандскиот репрезентативец Дени Блинд, кој има срцеви проблеми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Блинд имаше проблеми со срцето пред неколку години, имаше инсталирано дефибрилатор, па беше во голем страв по настаните со Ериксен.

Синоќа кога беше заменет со солзи во очите го напушти теренот, а после мечот порача.

„Се што се случи имаше силно влијание врз мене. Освен фактот што го познавам Кристијан, ситуацијата е страшна за него. Секако дека искусив нешто слично, но затоа морав да ја надминам менталната пречка за да играм”.

 „Лошо спиев и размислував да не играм. Имав проблем со тоа, но горд сум што можев да играм. На крајот, дојдоа емоциите. Мислев дека нема ни да играм”, истакна Блинд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

ПСЖ добива големо засилување за финалето против Арсенал во ЛШ

Ашраф Хакими би можел да се врати навреме за големото финале против Арсенал, откако постој…