Дома Фудбал Италија Уште еден удар за Јувентус: Крај на сезоната за Мекени

Уште еден удар за Јувентус: Крај на сезоната за Мекени

Aмериканецот Вестон Мекени од редовите на Јувентус се повреди во вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Виљареал.

Мекени веднаш по замената бил однесен во болница каде што му била направена снимка. „Скај Италија“ објави фудбалерот се здобил со скршеница на стапалото. Ако овие информации се покажат како точни за 23-годишниот Мекени сезоната е завршена.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во досегашниот дел од сезоната Мекени собра 28 настапи е беше важен дел од тимот на италијанскиот стратег.

Ова е уште еден удар за Јувентус кој на листата повредени ги има Паоло Дибала, Федерико Киеза, Даниеле Ругани, Џорџо Киелини и Федерико Бернардески. Ќе потсетиме и Киеза нема да се врати на терените во текот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2030 година?

Џулијано Симеоне го продолжува договорот со Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми…