Eкипата на Рома беше поразена во четвртфиналето од Купот на Италија против Лацио, но тоа не е единствениот проблем за тимот на Жозе Мурињо по овој натпревар.
Имено, Паоло Дибала се повреди и денеска стигна потврда дека ќе го пропушти дербито со Милан во Серија А.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинецот е еден од најважните фудбалери во тимот на Мурињо и секако дека ова е удар за „волчицата“. Во натпреварот против градскиот ривал, Дибала мораше да биде заменет уште на полувремето откако го повреди бутниот мускул.
Натпреварот против Милан, Рома го игра во недела на „Сан Сиро“. Од доаѓањето во Рома, Дибала вкупно од терените поради повреда отсуствуваше 138 дена и пропушти 28 натпревари.