Познато е дека Мемфис Депај е голема желба на тренерот на Барселона, Роналд Куман.
Каталонците се обидоа во летниот преоден рок да го донесат Холанѓанециот на „Камп Ноу“, но не успеаа да се договорат со Лион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега медиумите пишуваат дека Депај ќе биде прва трансфер желба на Барселона во јануари, но Лион потврди дека нема да го пушти фудбалерот.
„Од почетокот ви кажував дека нема ништо од трансферот на Депај во Барселона. Особено не во година кога неправедно останавме без пласман во Европа. Мораме по секоја цена оваа сезона да избориме пласман во Европа, затоа Мемфис сигурно останува“, изјави претседателот на Лион, Ола.
Договорот на Депај со Лион устекува на крајот на сезона, па најверојатно Холанѓанецот ќе си замине како слободен агент.