Дома Фудбал Лига на шампиони Уште еден натпревар од Лигата на шампионите може да се игра на неутрален терен

Уште еден натпревар од Лигата на шампионите може да се игра на неутрален терен

Пандемијата со коронавирусот и понатаму прави големи проблеми во сите спортски случувања, па така и во Лигата на шампионите.

Вчера УЕФА и официјално потврди дека осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Лајпциг и Ливерпул нема се игра во Германија туку на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта. Причината се строгите протоколи за Ковид-19 поради кои Англичаните не можат да влезат во Германија.

Споменатиот натпревар можеби нема да биде единствен во кој ќе има промена на домаќиноството. Истото може да се случи и со дуелот Атлетико Мадрид – Челзи. Причината е иста, меѓутоа засега има само најави официјална потврда се уште нема.

Во останатите осминафинални парови ќе се сретнат: Барселона – ПСЖ, Порто – Јувентус, Севиља – Борусија Дортмунд, Лацио – Баерн, Аталанта – Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалер на Брајтон: Јас сум најдобриот играч за врска во Премиер лигата

Фудбалерот на Брајтон кој има 25 години, Ив Бисум, се смета себе за најдобар играч за врск…