Дома Фудбал Голем удар за Интер пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите

Голем удар за Интер пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите

Интер во вторник ќе ја угостува Барселона во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Не пристигнуваат добри вести за навивачите на италијанскиот гигант во однос на состојбата на ударниот играч на тимот, Лаутаро Мартинез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред два дена го следевме одличниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Барселона и Интер одиграа нерешено со резултат 3:3 и патникот за финалето ќе се одлучи на реванш натпреварот во Милано во вторник.

Пред реваншот, тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, се соочува со голем проблем. Речиси сигурно нема да може да смета на Лаутаро Мартинез, за што денес пишуваат медиумите во Италија.

„Лаутаро Мартинез утринава направи различни клиничките прегледи во Институтот Хуманитас во Розано”, истакнаа од клубот и додадоа:

„Утврдено е дека аргентинскиот напаѓач има истегнување на мускулите на флексорите на левото бедро. Неговата состојба ќе се следи од ден за ден.“

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета пред добивање на нов договор што ќе го стави меѓу најплатените тренери во светот

По освојувањето на Премиер лигата првпат по 22 години, Арсенал планира да го награди шпанс…