Дома Останати УФЦ има нов шампион во средна категорија: Переира со технички нокаут го совлада Адесања 🎥

УФЦ има нов шампион во средна категорија: Переира со технички нокаут го совлада Адесања 🎥

Нигериецот Израел Адесања после доминација од 12 победи во низа е симнат од тронот во средна категорија (84 кг) во УФЦ.

 Адесања изминатата ноќ беше победен од Бразилецот, Алекс Перира кој го победува третпат во кариерата, двапати претходно како кикбоксери пред повеќе од 10 години и сега во борбата за шампионскиот појас во УФЦ.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Адесања изгледаше дека ја контролира борбата и ги освои првата, третата и четвртата рунда. Сепак, во петтата си дозволи Переира иако со последни сили да го притисне на оградата и на три минути пред крајот да победи со технички нокаут.

Во женска конкуренција за шампионскиот појас до 52 килограми Жанг Вејли од Кина ја совлада Карла Еспарза од САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…