Дома Фудбал Репрезентации Уругвај до по прва победа на Копа Америка, Парагвај го доби Чиле 🎥

Уругвај до по прва победа на Копа Америка, Парагвај го доби Чиле 🎥

Уругвај изминатата вечер ја забележа првата победа на Копа Америка.

После поразот од Аргентина и нерешениот резултат со Чиле Уругвај ја совлада Боливија со 2:0 во третото коло. До водство стигнаа со автоголот на Квинтересо во првиот дел, а Кавани на десетина минути пред крајот ги постави конечните 2:0. Со оваа победа Уругвај го обезбеди пласманот во нокаут рундата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во истата група Чиле го претрпе првиот пораз. После двете нерешени и едната победа Чиле изгуби од Парагвај со 0:2. Парагвајците со победата се пласираа во четвртфиналето.

Резултатот беше отворен преку Брајан Самудио во 33. минута. Треба да се спомене дека за него ова беше прв гол во дресот на Парагвај. Во второто полувреме Алмирон по направениот пенал на Гари Медел погоди за 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

На Островото се прошири приказна: Гигант тајно преговара со Халанд

Норвешкиот напаѓач има договор со Манчестер Сити до јуни 2034 година, но во Англија тврдат…