Марко Џампаоло веќе по пет кола ја загуби довербата на управата на Милан и сега се шпекулира за промена на клупата на Росонерите.
Џампаоло во пет кола оствари две победи и дури три порази, а вчерашниот од Торино (2:1) би можел да биде пресуден, иако се верува дека ќе му дадат уште само една шанса. „Corriere dello Sport“ објави дека Милан е спремен да го врати Гатузо, кој го водеше клубот минатата сезона и за малку не избори пласман во Лигата на Шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако често беше оспоруван, се испостави дека Гатузо сепак има одредено тренерско знаење и дека неговиот дефанзивен фудбал нешто донесува. А сегашниот фудбал на Џампаоло очигледно ништо не носи. Гатузо е голем Миланиста, некој кој живее за тој клуб, но прашање е дали повторно ќе дојде на клупата по се што помина минатата сезона.
Поранешниот италијански репрезентативец сега е прв фаворит за местото, а исто така се смета и за кандидат на клупата на Лацио, кој очајно ја отвори сезоната.