Хаосот кој се случлуваше околу промената на градот домаќин во квалификациите за Европското првенство во фудбал помеѓу Бугарија и Унгарија ги налути гостите.
Фудбалскиот сојуз на Унгарија соопшти дека е разочаран од постапките на Фудбалскиот сојуз на Бугарија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходните неколку дена неколку пати се менуваа плановите пред натпреварите на двете селекции. УЕФА нареди натпреварот да се игра во четврток во Софија без навивачи. Претходно требаше да се игра во Пловдив, но градоначалникот на овој град не дозволи да се игра таму тврдејќи дека стадионот „Христо Ботев“ е опасен за наиввачите.
Во меѓувреме како можни градови домаќини се споменуваа Разград и Крџала, но на крајот остана на наредбата од УЕФА.
„Ставот на нашиот сојуз е дека однесувањето на бугарскиот сојуз е несериозно и неспортско. Ова е невидена ситуација во меѓународниот фудбал. На барање на БФУ, УЕФА минатата недла прво ја промени локацијата на натпреварот, а денес по вторпат и нареди да се игра зад затворени врати“, се огласија од Фудбалскиот сојуз на Унгарија.
Унгарија на овој натпревар со победа или реми ќе го обезбеди пласманот на Европското првенство од групата Г.