Дома Фудбал Англија Ужасни вести за Гвардиола и Сити: Тешко оштетување и повеќемесечна пауза!

Ужасни вести за Гвардиола и Сити: Тешко оштетување и повеќемесечна пауза!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Сане доживеа повреда на мечот во рамки на ФА Купот против Кардиф.

На него во текот на првото полувреме жестоко стартуваше дефанзивецот на Кардиф, а 22-годишниот германски фудбалер не можеше да го продолжи мечот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Повторената снимка покажа дека стартот беше навистина стравичен. Бенет по се мина само со жолт картон, но затоа Сане ќе пропушти клучен дел од сезоната.

Манчестер Сити вечерва потврди дека Сане ги повредил лигаментите на зглобот. Се работи за тешко оштетување и фантастичниот крилен фудбалер би можел да паузира во следните неколку месеци, но се уште не се знае колку долго ќе биде надвор од терените.

Сане оваа сезона блескаше во дресот на „Граѓаните“. Играше навистина одлично и постигна седум погодоци заедно со 12 асистенции во 27 настапи за Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…