Лигата на нации која ќе започне следната година од Европа би можела да биде проширена и на останатите континенти.
Eвропската фудбалска унија (УЕФА) објави дека започнале разговори со останатите конфедерации за проширување на ова натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА и Светската фудбалска федерација (ФИФА) како што беше соопштено имале конструктивна дискусија, но сеуште не била донесена била каква одлука.
„Ваквите разговори имаат за цел да создадат добри односи. Од самиот старт сите беа вклучени во дискусијата“, се наведува во соопштението од УЕФА.
Лигата на нации првата сезона сезона ќе сочинуваат 55 членки на УЕФА, а натпреварите ќе се играат во термините предвидени за пријателските средби.