Пандемијата со коронавирусот би можела да направи и промени во форматот квалификации за групната фаза во Лигата на Европа и Лигата на шампионите.
Реномираниот „Тајмс“ пишува дека УЕФА размислува да го намали бројот на претколо, дури и да ги откаже квалификациите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стартот на новата сезона во групната фаза од ЛШ е планиран за 20 октомври, додека голема неизвеност е дали бројот на преткола ќе остане ист како и во претходните сезони.
Според актуелниот формат во Лигата на шампионите се играат пет преткола. Прво на распоред е прелиминарната рунда помеѓу шампионите од најслабо рангираните асоцијации, потоа следат прво, втор и трето претколо, па плеј-фот.
Прв приоритет на УЕФА е да ја заврши оваа сезона. Целта е остатокот од нокаут фазата во Лигата на Европа и Лигата на шампионите да се игра во август.
Со оглед на краткиот временски интервал скратувањето на квалификациите изгледа како логично. Доколку дојде до ова скратување без летни квалификации би можеле да останат и македонските клубови, во зависност од тоа дали и за колку би се намалил бројот на учесници во квалификациите.