Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА се премислува: Завршницата на ЛШ се сели во Германија?

УЕФА се премислува: Завршницата на ЛШ се сели во Германија?

Лигата на шампионите треба да продолжи во август, но завршницата на престижното натпреварување ќе биде во малку пократок и различен формат.

Првата работа што треба да се случи е да се игра реванш натпреварите од осмина финалето помеѓу Јувентус – Лион, Манчестер Сити – Реал Мадрид, Барселона – Наполи и Баерн – Челзи на 7. и 8. август, а четвртфиналето е закажано за 13. и 14. август. Планот е да се одигра еден натпревар по еден момент на неутрален терен.

Самата завршница, полуфиналето и финалето, би се играле како ракометната Лига на шампиони или кошаркарската Евролига, односно Фајнал фор, со четири екипи кои се борат за трофејот во ист град.

Се претпоставува дека тоа ќе се случи на крајот на август, иако планот беше финалето да се игра во Истанбул, сега УЕФА наводно решила да префрли сè во еден од германските градови.

УЕФА сака да го направи тоа затоа што Бундеслигата беше меѓу првите кои започнаа натпревари, а во тој период ќе имаат слободни стадиони и веќе покажа дека може да се справи со предизвиците.

Се разбира, УЕФА допрва треба да ги потврди овие информации на следниот состанок на Извршниот одбор.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Жунињо: Нејмар е алчен за пари како и секој Бразилец

Бразилската легенда, Жунињо Пернамбукано удри по Нејмар кој според него го интересираат са…