Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА отвори постапка и против Србија: Еве што се истражува

УЕФА отвори постапка и против Србија: Еве што се истражува

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради однесувањето на навивачите на неодамнешниот натпревар против Англија во првото коло на Европското првенство во Германија.

Имено, англиските медиуми пишуваат дека УЕФА покренала истрага против „орлите“ откако биле пријавени мајмунски крици насочени кон англиските играчи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА назначи инспектор кој ќе води дисциплинска постапка во врска со наводното дискриминаторско однесување пријавено од сведок на трибините во текот на првото полувреме од натпреварот.

Покрај оваа истрага, УЕФА го обвини Фудбалскиот сојуз на Србија за уште две прекршоци – фрлање предмети и пренесување на провокативна порака несоодветна за спортски настан.

Последното обвинение се однесува на истакнување на знаме поврзано со паравоено движење вклучено во етничко чистење за време на војните во поранешна Југославија.

„Етичкиот и дисциплинскиот инспекторат на УЕФА ќе спроведе дисциплинска истрага за наводното дискриминаторско однесување“, изјави портпаролот на УЕФА.

Инаку, инцидентот се случил пред околу 50.000 гледачи, меѓу кои и околу 8.000 српски навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Официјално: Пјер-Емерик Обамејанг ќе игра во Саудиска Арабија

Екипата на Ал Кадсија на својата официјална веб-страница објави дека потпиша договор со на…