Финансиската контролна комисија на УЕФА одново ќе го разгледа обвинението за ПСЖ, откако „светците“ минатото лето потрошија огромна сума за трансфери.
ПСЖ го доведе Нејмар од Барселона за 222 милиони евра, а потоа го откупи договорот на Мбапе за 180 милиони евра. Тогаш францускиот клуб претстави документи дека не го нарушиле Финансискиот фер-плеј, но денес УЕФА започна нова истрага за „светците“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Правилата на Финансискиот фер-плеј гласат дека еден клуб нема право да троши повеќе пари, отколку што заработува.
Клубовите кои ќе го нарушат ова правило треба да бидат санкционирани и можат да бидат исфрлени од европските натпреварувања, како што неодамна се случи со италијанскиот гигант Милан.
OFFICIAL: UEFA confirm that they will review recent decision made re: PSG & financial fair play – https://t.co/3M0rWFp4er – #FFP
— Jonathan Johnson (@Jon_LeGossip) July 3, 2018