Дома Фудбал Останато УЕФА задоволна: Новото правило ќе се користи и во клупскиот фудбак

УЕФА задоволна: Новото правило ќе се користи и во клупскиот фудбак

Европската куќа на фудбалот пред почетокот на првенството во Германија воведе ново правило , а истото ќе се користи и во клупскиот фудбал.

На ЕП само капитените имаат право да зборуваат со судиите во текот на натпреварите, а така ќе биде и во клупскиот фудбал во сезоната која следи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во спротивно доколку некој од останатите фудбалери дојде и почне да протестира за одредена одлука е санкциониран со картон. Тоа веќе е имплементирано и се користи на континенталниот собир во Германија, а имаше неколку „жртви“ кои сакаа самите да ја бараат правдата пред арбитрите.

„Да се биде судија во модерниот фудбал е многу тешко. Судијата носи помеѓу 200 и 250 одлуки во натпревар и тоа е една на секои 22 секунди, поради тоа е под огромен притисок, а секоја од нив потоа се анализира од разни агли. Идејата е едноставна, бараме сите тимови да обезбедат дека само капитените ќе бидат единствените кои ќе можат да разговараат со судијата со цел да не се создава дополнителен притисок врз арбитрите“, изјави извршниот директор на УЕФА, Роберто Росети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…