Дома Фудбал Италија УЕФА го одби финансискиот план на Милан!

УЕФА го одби финансискиот план на Милан!

УЕФА денес го одби 5-годишниот план кој Милан го достави во врска со финасиското работење на клубот, односно Финансискиот фер-плеј.

Независното тело при УЕФА за финансиско управување го разгледа планот на Милан за постигнување на доброволен договор, но после внимателното прегледување на доставените документи беше одлучено да не биде склучен споразум меѓу двете страни.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


До оваа одлука УЕФА дојде бидејќи се уште постојат неизвесности во врска со рефинансирањето на кредитот кој истекува во октомври 2018 година и финансиските гаранции кои ги дадоа главните акционери.

Сепак, ова не значи дека е донесена било каква конечна одлука. „Росонерите“ и понатаму ќе бидат предмет на надгледување, а раководството ќе достави нов план во првото тромесечие од 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал на мета на шпанските медиуми: Мора да направи исчекор ако ja сака Златна топка следната година.

Најпознатите шпански медиуми жестоко го критикуваа младиот Ламин Јамал по поразот на Барсе…