Дома Македонски спорт Мак фудбал УЕФА го казни Шкупи со 44.000 евра

УЕФА го казни Шкупи со 44.000 евра

Екипата на Шкупи е казнета од УЕФА со 44.000 евра поради однесувањето на навивачите во европските натпревари ова лето.

Шкупи објави соопштение во кое не потенцира за кој натпревар е точно казната. Летово актуелниот македонски шампион играше против Линколн, Динамо Загреб, Шамрок Роверс и Балкани. Тоа беа натпревари од квалификациите во: Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На неколку натпревари навивачите на чаирчани имаа недолични скандирања, па можеби се работи и за вкупна казна, освен тоа се фрлаа и палеа факели.

„Шкупи секогаш ја ценел подршката од навивачите и тоа ќе продолжи и понатаму, но понекогаш се случуваат сцени, кои не се посакувани за сите нас. Поради настани приредени од несовесни навивачи за време на натпреварите во Европа, како и на последниот натпревар на Чаир, нашиот клуб е казнет од УЕФА со 44.000 евра“, стои во соопштението.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…