Дома Фудбал Останато УЕФА ги суспендираше Русите и за наредната сезона

УЕФА ги суспендираше Русите и за наредната сезона

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги потврди сите суспензии за руските клубови и репрезентации, исфрлајќи ги од европските клупски натпреварувања.

Откако од 28 февруари на сила стапија санкциите за националните тимови, клубови и функционери, Извршниот комитет на УЕФА денеска донсе нови мерки за безбедно одржување на сите натпреварувања во блиска иднина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Репрезентацијата на Русија нема да биде дел од Лигата на нации и во групата каде требаше да настапува заедно со Исланд, Израел и Албанија автоматски го освојува четвртото место и ќе се пресели во понизок ранг.

Руските клубови дефинитивно нема да бидат дел од новата сезона во европските клупски натпреваувања, а донесена е одлука за бришење на кандидатурите поднесени за организација на континенталните шампионати за 2028 и 2032 година.

Женската репрезентација нема да има право на настап на Европското првенство и нејзиното место ќе го заземе Португалија, а забраната за настап важи за сите старосни категории во машка и женска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не бев дури ни во втор, туку во трет план… Играчот на Интер го критикуваше својот поранешен тренер

Полскиот репрезентативец Пјотр Зјелински отворено го изрази своето незадоволство заради не…