Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА ги ограничи цените за гостинските навивачи во Лигата на шампионите

УЕФА ги ограничи цените за гостинските навивачи во Лигата на шампионите

Eвропската куќа на фудбалот сезонава го промени системот во Лигата на шампионите каде што сега се игра во лигашки формат, а зголемен е бројот и на клубовите, учествуваат 36.

Првите осум клубови одат директно во осминафиналето, додека клубовите од 9. до 24. место разигруваат за преостанатите осум места во нокаут фаза. Клубовите од 24. до 36. позиција го завршуваат настапот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Првото коло во Лигата на шампионите се игра од вторник до четврток, а преостанатите седум како и досега во вторник и среда. Првото коло е на програмата од 17. до 19. јуни, а последното на 29. јанаури.

УЕФА со цел да излезе во пресрет на навивачите ја ограничи максималната цена влезниците за гостинските фанови и таа ќе изнесува 60 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона прифати понуда да го продаде за 15 милиони, но тој не сака да „слушне“ за трансфер

Барселона пред неколку дена доби понуда што ја прифати за еден од своите првотимци, но тој…