Дома Фудбал Останато УЕФА ги објасни сите контерверзни одлуки во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

УЕФА ги објасни сите контерверзни одлуки во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Оваа недела беа одиграни четири натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите. Во главно се работеше за одлични фудбалски претстави, а посебно изненадувачки беа победите на Ајакс и Манчестер Јунајтед.

Огромна улога во натпреварите имаше и ВАР технологијата која беше одлучувачка за некои тимови. Така Порто ја елиминираше Рома со голот на Телеш во второто породолжение за 3:1, а на истиот натпревар подоцна ВАР одлучи дека не треба да има пенал на спротивната страна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ќе потсетиме, за Порто беше досуден пенал откако Флоренци во казнетиот простор го повлече фудбалерот на Порто.

Најмногу контроверзии предизвика пеналот со кој Манчестер Јунајтед го елиминираше Пари Сен Жермен (1:3). Топката после еден шут на Далот го погоди Кимпембе во раката, а после гледањето ВАР, судијата Скомина покажа на белата точка.

Исто така тука беше и ситуацијата со одличниот гол на Душан Тадиќ против Реал Мадрид во натпреварот во кој Ајакс со 1:4 го победи Реал Мадрид на „Бернабеу“ и го елиминираше од Лигата на шампионите.

Денес УЕФА ги објави овие, како и уште некои контроверзни моменти.

РЕАЛ МАДРИД – АЈАКС (Аут или не)

Немаше дефинитивен доказ дали топката со целиот обем излезе од игра. Сите слики и снимки внимателно беа разгледани во ВАР собата.
Помошникот судија кој беше перфектно позициониран пресуди дека топката не го напуштила теренот со целиот свој обем.

ПОРТО – РОМА (Пенал за Порто)

Судијата во ВАР собата после проверувањето дали е офсајд или не потврди дека напаѓачот бил во дозволена позиција.

Тогаш арабитрот го анализираше влечењето во шеснаесетникот. Откако ги прегледа повторените снимки заклучи дека имало доволен контакт за најстрога казна.

ПОРТО – РОМА (Неинтервенирањето на ВАР за Рома)

Судијата беше блиску до она што се случуваше, самиот виде потенцијален инцидент во текот на играта, но процени дека прекршок немало.

Иако сметашетака одлучи да ја запре играта и да им даде доволно време во ВАР собата да ја анализираат ситуација. ВАР ја провери ситуацијата и не беше пронајден доказ дека имало прекршок.

Судијата на теренот потоа беше извесен дека после прегледот на снимките не постои очигледен прекршок и поради тоа немаше основа да ја гледа снимката покрај теренот.

ПСЖ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (Пенал за Јунајтед)

Судијата во ВАР собата после прегледувањето на снимките од неколку агли му препорача на судијата на теренот да ја гледа снимката доле на теренот.

После прегледувањето на снимката судијата одлучи дека далечината помеѓу играчот кој шутира и играчот кој се брани не е прекратка и дека контактот со раката на играчот на ПСЖ не бил случаен. Раката на одбранбениот играч не беше блиску до телото и влијаеше на топка која одеше кон голот. Судијата поради тоа досуди пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…