Дома Фудбал Останато УЕФА ги објави најдолгото и најкраткото гостување во европските натпреварувања

УЕФА ги објави најдолгото и најкраткото гостување во европските натпреварувања

УЕФА ги објави некои од најнеобичните гостувања во историјата на европските натпреварувања кои се играат од 1954 година.

Рекордот за надолго гостување го држат фудбалерите на Бенфика и Астана кои се сретнаа во сезоната 2015/2016. Тие тогаш мораа да поминат пат од дури 6173 километри. Истото ги чекаше и фудбалерите на Спортинг две години подоцна со кој се сретнаа во нокаут фазата од Лигата на Европа.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тука е и најкраткото гостување – Милан и Интер. Градските ривали во сезоната 2002/2003 и 2004/2005 играа во полуфиналето, односно четвртфиналето во Лигата на шампионите, на два пати подобри беа „росонерите“.

Но, ако се земат во предвид екипите кои барем еднаш играле во Европа најдолгото гостување го имаа Тенерифе и Сибир од Новосибирск. Тогаш овие две екипи мораа да поминат 8046 километри во еден правец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…