Дисциплинската комисија на УЕФА во официјалното соопштение објави дека нема казна за Црвена Звезда за инцидентот за време на натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампионите.
Дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука за поставување на етички и Дисциплински инспектор кој ќе ја спроведе понатамошната истрага поврзана за инцидентите кои се случија на „Паркот на принцовите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа практично значи дека против ПСЖ и Звезда ќе биде продолжена постапката, односно дека инспекторот кој го именуваше УЕФА ќе продолжи да ги испитува околностите од прекршоците со кои ПСЖ и Звезда се соочуваат.
ПСЖ е казнет со 20.000 евра поради доцнењето на почетокот на натпреварот, а тренерот на „светците“ Томас Тухел е предупреден поради доцното изведување на екипата на теренот.
Звезда се терети затоа пто нејзините навивачи извикувале забранети пароли и предизвикувале неред на трибините.
Да потсетиме, француското обвинителство почна истрага поради наводниот обид за уплата од пет милиони евра на пораз на српската екипа од пет голови разлика.