Европската куќа на фудбалот (УЕФА) размислува да понуди две места во Лигата на шампионите на клубови со „историска залуга“, тоа би било нешто како „вајлд карта“.
Заменик генералниот директор на УЕФА, Џорџо Маркети изјави дека се размислува да се воведе специјална покана за два клуба кои не би обезбедиле пласман. Но, оваа одлука сигурно нема да се воведе пред 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА на овој начин сака да ги награди клубовите кои биле успешни во период од пет години. Пример ако Челзи не е меѓу најдобрите четири во Премиер лигата и не избори пласман во ЛШ, а го освоил ова натпреварување во последните пет години, УЕФА веројатно би му дала покана.
Дополнителното место би можел да го добие клуб кој од петте најсилни лиги според коефиентот на УЕФА не се пласирал во најсилното европско натпреварување, засега тоа се португалската или француската лига.