Дома Топ вести УЕФА веќе одлучила: Уште наредната сезона во ЛШ ќе гледаме клуб од Саудиска Арабија?!

УЕФА веќе одлучила: Уште наредната сезона во ЛШ ќе гледаме клуб од Саудиска Арабија?!

Неодамна се појавија првите информации дека Европската фудбалска унија (УЕФА) сериозно размислува во новата сезона од Лигата на шампионите да вклучи една екипа од Саудиска Арабија, а денес се тврди дека таа одлука е веќе донесена.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека во Нион одлучиле да испратат една специјална покана за еден неевропски клуб, а бидејќи Саудиска Арабија притиска да влезе преку моќниот државен ПИФ фонд шанса за играње во елитата би добил Ал Итихад, клубот кој го доведе Карим Бензема.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа одлука би била поткрепена и со спортски успех затоа што Ал Итихад е актуелен шампион на Саудиска Арабија, титулата ја освои минатата сезона во битка со Ал Наср.

Ќе потсетиме, новата Лига на шампиони ќе биде со 36 екипи, а нема сомневање дека еден од главните мотиви УЕФА да даде шанса на клубовите од Саудиска Арабија е нивната финансиска моќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…