Дома Фудбал Англија Удар за Мурињо: Се повреди Хари Кејн

Удар за Мурињо: Се повреди Хари Кејн

Тотенхем синоќа го загуби дербито од Ливерпул и е се подалеку од врвот, а покрај тоа го загуби и својот најдобар фудбалер.

Имено, Хари Кејн не можеше да го заврши мечот, а Мурињо потврди дека станува збор за две различни повреди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Станува збор за две различни повреди, на двата скочни зглоба. Првиот пат беше старт од Тијаго, вториот не го видов најдобро, но лекарите ми рекоа дека втората повреда е посериозна од онаа првата. Не знам детали, но сигурно ќе следи пауза од најмалку 15 дена“, потврди Мурињо.

Кејн е втор стрелец во Премиер лигата со 12 гола, па сигурно неговото отсуство ќе биде удар за Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Азар: Денеска се чувствувам како таксист!

Изминаа речиси три години откако Белгиецот Един Азар, по бурниот период исполнет со повред…