Eрлинг Халанд и Даклан Рајс ќе бидат главните желби на Челзи за летниот преоден рок.
Така тврди „Скај Спорт“, кој објави дека Челзи во летниот преоден рок ќе тргне по овие двајца фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рајс и претходно се поврзуваше со трансфер на „Стенфорд Бриџ“, а Тухел дал зелено светло за негов трансфер.
Играчот одигра фантастична сезона во Вест Хем, но „чеканите“ за неговата слобода бараат 80 милиони евра. Сепак, Челзи се надева дека ќе може да ја намали цената за 22-годишниот дефанзивец.
Меѓутоа доведувањето на Халанд ќе биде далеку поголем предизвик. Норвешкото чудо од дете е желба на најдобрите тимови во Европа, а Борусија Дортмунд нема намера да се откаже од него.
Тухел ќе има на располагање 200 милиони фунти за трансфери, а овие двајва фудбалери се главни приоритети.