Челзи ќе се обиде да ја прекине позајмицата на Денис Закарија уште во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.




25-годишниот играч за врска пристигна на „Стенфорд Бриџ“ од Јувентус во последните денови од преодниот рок и тоа по желба на Томас Тухел.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми пишуваат дека Закарија нема да остане во Челзи затоа што не бил во плановите на Потер, кој сака да ја прекине позајмицата уште во јануари.




Закарија има договор со Јувентус до 2026 година, но ќе мора да бара друг клуб бидејќи за него нема место во тимот на Алегри.