Дома Фудбал Останато Тухел главен кандидат за наследник на Лампард

Тухел главен кандидат за наследник на Лампард

Германскиот стратег Томас Тухел пред неколку дена доби отказ на клупата на ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тухел доби отказ на шест месеци пред крајот на договорот и сега е без ангажман. Веднаш медиумите почнаа да го поврзуваат со Арсенал како евентуална замена за Микел Артета, меѓутоа набрзо тие информации беа демантирани.

Сепак, „РМЦ Спорт“ и „Билд“ тврдат дека се уште Премиер лигата за него е отворена опција затоа што интерес покажал Челзи ако Френк Лампард биде сменет.

Челзи под водство на Лампард игра промениливо. Медиумите тврдат дека нема да биде изненадување ако Лампард не ја заврши сезоната на „Стенфорд Бриџ“.

Тухел и претходно се поврзуваше со Челзи, тоа беше во 2017 година кога ја напушти Борусија Дортмунд, но тогаш до соработка не дојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(ВИДЕО) Најголемата грешка во кариерата на Муслера, Зеленортските Острови се квалификуваа и ќе играат против светскиот шампион!

Репрезентацијата на Шпанија денес во Гвадалахара успеа да го победи Уругвај со резултат 1:…