Дома Фудбал Останато Турците ригорозни: Арда Туран суспендиран на 16 натпревари!

Турците ригорозни: Арда Туран суспендиран на 16 натпревари!

turan

Ваква казна од поодамна не е забележана во фудбалскиот свет.

После периодот во кој не играше скоро една година во редовите на Барселона, Арда Туран се врати во татковината како позајмен играч од Барселона. Го облече дресот на Башакешир и понатаму има договор со Каталонците, додека Турците ја плаќаат неговата плата од 9.5 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот турски фудбалер во оваа деценија целосно ги изгуби нервите во натпреварот против Сиваспор, натпревар кој неговиот тим ќе го плати со титула, можеби и пласман во Лигата на шампионите.

Имено, Башакешир одигра 1:1, добија два црвени картони, Арда Туран беше исклучен во судиското продолжение поради протести бидејќи над него не беше досуден прекршок. По оваа ситуација тој го плукна линискиот судија, како и четвртиот арбитар, покрај тоа се послужи и со тешки навреди и закани за физичка пресметка.

Секако, реагираше и федерацијата и тоа ригорозно! Туран е казнет со 10 натпревари поради плукањето, три поради исклучувањето и уште три поради навредите, вкупно 16!

Оваа казна значи дека ќе пропушти голем дел од есенскиот дел од наредната сезона, а клубот наводно сега размислува да го врати во Барселона. Сепак, прашање е колку Барса би сакала да го врати со оглед на тоа што Башакешир се обврза на позајмица до 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…