Елитното фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите стартува утре и во среда кога на програмата се натпреварите од 1. коло во новата сезона.
На некои стадиони ќе биде дозволено присуство на публика, додека добар дел од натпреварите ќе се играат без гледачи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот помеѓу Лајцпиг и Башакешир ќе го гледаат точно 999 гледачи. Таквата одлука ја донесоа локалните власти после влошувањето на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.
Инаку, домашните натпревари на Лајцпиг во Бундеслигата ги следеа 8.500 гледачи, меѓутоа ситуацијата со вирусот во последните денови се влоши па работите се променија.
Бројот на заразени расте и во Минхен. На 100.000 жители се бележат 87 случаи па организаторите на овој меч одлучија Баерн и Атлетико да играат без гледачи.