Tројца македонски планинари, Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев направија голем подвиг – станаа првите Македонци кои со велосипед ја искачија највисоката планина во Африка, Килиманџаро во Танзанија.
Подвигот триото македонски планинари го комплетираше вчера изутрина кога се искачија на 5.895 врв Ухуру.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Авантурата Миновски, Нешкоски и Деревјев авантурата ја започнаа на 14. февруари од градот Аруша кој е на 1.400 метри надморска височина.
Последната пауза пред искачувањето на Ухуру ја направиле на 4.700 метри каде што преспале, а потоа за пет ипол часа стигнале на врвот.