Полска денес чекаше да добие официјална потврда дали службено ќе се пласира во баражот за финалето на Мундијалот откако Русија беше суспендирана од сите натпреварувања, меѓутоа такво нешто не се случи.
На 24. март Полска требаше да игра против Русија во Москва, меѓутоа после инвазијата на Русија на Украина нивната селекција е исфрлена од баражот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ниут денес ФИФА не донесе одлука за директно финале на Полска. Челниците на ФИФА и понатаму си ја префрлаат одговорноста од еден на друг место да донесат одлука. Последните информации се дека треба да чекаат одлука од Лозана“, објавија послките новинари.
Во оваа ситуација можни се три сценарија. Првата е Полска директно да оди во финале, втората Словачка да ја замени како најдобро третопалсаирана во групата од квалификациите или третата Норвешка да добие шанса како најдобра трета селекција од сите групи.