Според информациите на италијанските медиуми се уште нема договор помеѓу Џанлуиџи Донарума и Милан за продолжување на соработката.
Реномираниот „Кориере дело Спорт“ објави дека Донарума бара плата од 10 милиони евра по сезона додека Милан нуди три помалку, седум.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Агентот на Донарума, контроверзниот Мино Раиола нема намера да отстапи и ќе се обиде да изнуди фиксни 10 милиони евра. Милан пак од друга страна преговара за да се избори за седум, плус одредени бонуси.
Сезонава младиот голман одигра 19 натпревари во Серија А и на седум од нив не прими гол. Ќе потсетиме, „росонерите“ се лидери во Серија А.