Македонскио репрезентативец, Иван Тричковски вчера одигра одличен натпревар за АЕК Ларнака во кој за едно полувреме успеа да постигне хет-трик.
Со тие три гола Тричковски дојде до бројката од 101 гол во кипарското првенство. Сезонава Тричковски има девет гола за АЕК каде што игра од 2016 година претходно настапуваше за Енозис и АПОЕЛ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не е лесно да се дадат 101 гол, горд сум на овие бројки затоа што се остварени со напорна работа. За да остварите вакво нешто морате да биде посветени и многу да работите, без соиграчите тешко дека ќе успеев. Фудбалот е тимски спорт и јас сум им благодарен на се. Сакам да продолжам да постигнувам голови и да играм уште подобро“, изјави Тричковски.
Трите гола на Тричковски можете да ги погледнете – тука.