Славниот португалски менаџер Жорге Мендеш веќе го припрема „теренот“ за летниот преоден рок оваа сезона.
Имено, Мендеш е познат по големите трансфери и влијанието кое го има на голем број фудбалери, па се чини дека веќе припремил „пеколен план“ ова лето.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Португалецот сега е спремен конечно да вмеша прсти во трансфер политиката на Барселона. Медиумите пренесуваат дека тој оваа недела ќе има состанок со Каталонците на кој ќе им понуди двајцата фудалери, Бернардо Силва од Монако и Жоао Кансело од Валенсија.
Исто така се спомнува дека Мендеш би можел да бара трансфер на Луис Суарез во некој од клубовите со кои соработува.
Споменатите фудбалери се португалски репрезентативци, Силва е плејмејкер, додека Кансело е десен бек, позиции кои се приоритет за засилување на Барселона.
Сега останува да видиме дали клубот ќе успее да се договори со Мендеш. Цената на Силва во моментов изнесува околу 80 милиони евра, додека Кансело чини околу 25 милиони евра.