Агентот на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, Федерико Пасторело зборуваше за тоа како пропаднал трансферот на Белгиецот во Јувентус.
Јувентус и Интер минатото лето водеа битка за неговиот потпис, а Лукаку денес игра во Интер само благодарение на фактот што Пауло Дибала го одбил Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фактот дека Лукаку го носи дресот на Интер е последица на тоа што Пауло Дибала не сакаше да оди во Манчестер Јунајтед. Ромелу сакаше да ја напушти Премиер лигата и да игра во клуб каде што ќе биде сакан. Тој веднаш го почувствува топлиот став на навивачите на Интер во споредба со ставот на навивачите на Јуве“, изјави Пасторело.
„Преселбата на Лукаку во Јувентус ја посакуваа многумина, но за Интер овој трансфер требаше да биде пресврт, манифестација на желбата да се започне со победничкиот циклус. Лукаку почувствува дека Интер му е потребен. Конте изврши голем притисок врз клубот да го донесе играчот“, додаде агентот на фудбалерот. Белгискиот репрезентативец пред Интер играше за Манчестер Јунајтед, Евертон, Вест Бромвич, Челзи и Андерлехт.