Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал создава квартет Бразилци, Јаховиќ се договорил, лудница околу Олмо

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал создава квартет Бразилци, Јаховиќ се договорил, лудница околу Олмо

Полека влегуваме во самата завршнива на трансфер пазарот, со Спортски следете се што се случува!

Ќе започнеме со нова вест за македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ. Претседтелот на Газиантеп вчера потврди дека водат разговори за ангажман на Јаховиќ, но денес турските медиуми тврдат дека Јаховиќ се договорил со Анталијаспор. (тука)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Oфицијално: Лајцпиг изненадувачки купи голман од второлигашот Лас Палмас. Во германскиот клуб пристигнува Хозе Мартинез во трансфер вреден 2.5 милиони евра. Мартинез до крајот на сезоната ќе во Лас Палмас како позајмен играч.

Манчестер Јунајтед е во потрага по напаѓач, а во последните денови од преодниот рок ќе се обидат да го доведат Криштоф Пјонтек. Наводно преговорите веќе се започнати. (тука)

Крис Смолинг игра одлично во Рома и од првиот тим го исфрли Жуан Жесус. Жесус сега наводно е пред трансфер во Фиорентина. Рома и Фиорентина би требало да се договорат за позајмица со право на откуп за четири милиони евра. Меѓутоа пред да се реализира оваа зделка Рома сака да се обезбеди и да го откупи Смолин.

Трансферот кој вчера беше најавен експресно е комплетиран. Одраизола потпиша за Баерн!

Дени Роуз е вишок во Тотенхем, а таа ситуација би можел да ја искористи Њукасл кој го сакаше уште на лето.

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти. Последен клуб кој влегува во трката за неговиот потпис е Борусија Дортмунд. (тука)

Атлетико не се откажува од Кавани најновата понуда гласи 15 милиони евра, плус три како бонуси. Сепак, се уште „јорганџиите“ се далеку од оние 30 милиони евра.

Шаќири во овој преоден рок сигурно останува во Ливерпул, може да замине, но на лето. (тука)

Денес имаме нови информации за ситуацијата со Манчестер Јунајтед и Спортинг за Бруно Фернандеш. Двата клуба никако не успеваат да пронајдат договор, Јунајтед нуди 55 милиони евра, плус десет, Спортинг бара 60 плус 10 и не попушта.

Сапуницата со Дани Олмо како да нема крај! Откако вчера се пишуваше дека Барселона барала Олмо да ги почека, сега се појави вест дека Лајпциг блиску да го доведе со понуда од 26 милиони евра. Оваа вест ја објави „Мундо Депортиво“.

Вест Хем до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го доведе Франк Кеси од Милан.

Официјално: Елија Каприл го комплетираше трансферот од Верона во Лидс и ќе му биде соиграч на нашиот Алиоски.

Реномираниот „Билд“ пишува за чистка во Баерн. Изгледа дека и Фелипе Кутињо ќе се врати во Барселона. (тука)

Ериксен побарал трансфер, Интер чека! (тука)

„Еди сака да игра во друг тим во Европа. Јас би бил среќен ако тоа биде Атлетико Мадрид. Симеоне го посакува, но и Тухел сака да остане. ПСЖ нема да го пушти во Атлетико, доколку клубовите не се договорат. Меѓутоа, според мене шансите да игра во Атлетико се големи“, изјави таткото на Кавани, Луис.

„Мундо Депортиво“: Ракитиќ многу веројатно ќе ја напушти Барселона. Клубовите во кои може да се заврши се Јувентус, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

И повторно Олмо! Сега се јави Ди Марцио и тврди дека на адреса на Динамо пристигнала и трета официјална понуда од – Вулверхемптон. Овде веќе е тешко може да претпоставиме како ќе се одвиваат работите.

Реал не запира: На „Бернабеу“ пристигнува нов млад Бразилец за 30 милиони евра! (тука)

Добиваме нов најстар фудбалер во светот! Клубо од Египет потпиша договор со 75 годишник! (тука)

Агентот на Де Паул, Аугустин Хименес денес пристигна во Милано на средба со директорите на Милан и ги започна преговорите за трансфер на „Сан Сиро“. (тука)

Maкедонскит фудбалер Арјан Адеми се поврзуваше со Реал Бетис и Монако, но сега самиот потврди дека нема да го напушти хрватскиот тим: Претходно ми беше криво што го одбив Бетис, но сега гледам поинаку – сакам да бидам Тоти на Динамо!

Oткако вчера обложувалниците ја отстранија понудата за обложување дека Бејл ќе се врати во Тотенхем, денес пристигнуваат информации дека Тотенхем понудил 30 милиони евра. (тука)

Изгледа е сигурно дека Јувентус ќе го испрати Хрватот, Марко Пјаца на позајмица во Каљари. Останува да се види дали ќе биде на позајмица од шест или 18 месеци.

Уште една информација за заминување од Јувентус. „Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус чека понуда од Борусија Дортмунд за Емре Чан. „Старата дама“ е спремна да го пушту играчот за врска за 30 милиони евра.

Боновентура си оди од Милан! (тука)

Прва изјава на Одраизола како играч на Баерн (тука)

 Официјално: Постигнат договор помнеѓу Фиорентина, Џенова и Лече. Рикардо Сапонара наредните шест месеци ќе ги помине на позајмица на стадионот „Виа дел Маре“.

Манчестер Јунајтед губи голем талент – Чонг заминува! (тука)

Њукасл покажал интерес за напаѓачот на Аталан, Хозеф Мартинез.

Кепа Аризабалага има лоша сезона и во Челзи наводно размислуваат за негова продажба и доведување негова замена. Сепак, ваков потег на „сините“ тешко е да се очекува дека ќе се случи во овој преоден рок. Повеќе за лошата форма на Аризабалага можете да прочитате тука.

Постигнат е договор помеѓу Јувентус и Каљари за позајмица на Пјаца. Ова се деталите: Каљари ќе плати 1.5 милион евра за шестмесечна позајмица и на лето ќе има право да го откупи Хрватот за 12 милиони евра. Потврда за овој трансфер се очекува во секој момент.

Германски „Билд“ пишува дека Баерн Минхен размислува да направи обид да го врати Даглас Коста од Јувентус. Коста не е стандарден кај Маурицио Сари, па во Баерн би можеле да ја искористат таквата ситуација.

Фернандо Љоренте пристигна во Наполи откако му истече договорот со Тотенхем. Шпанецот потпиша договор на четири години, но после шест месеци би можел да си замине. Интерес за него покажа Парма.

Тотенхем изгледа пронајде напаѓач. Според информациите на поголем дел од медиумите на Островот Вилијан Жозе е на пат за Лондон.

Покрај Арсенал интерес за Лајвин Курзава од ПСЖ покажа и Интер. Бекот на францускиот клуб би требало да биде достапен за пет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Надал објави – ја завршува кариерата!

Рафаел Надал пред турнирот во Барселона ги разреши сите дилеми, оваа сезона ќе биде послед…