Еден од најдобрите играчи на Милан во последните години, Џакомо Бонавентура нема да стави потпис на нов договор и на лето ќе го напушти „Сан Сиро“.
Договорот на Бонавентура истекува на крајот на сезоната, Милан започна преговори за продолжување на соработката, но неговиот менаџер потврди дека нема да има нов договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Бонавентура нема да потпише нов договор. Освен ако не се случат некои сензационални промени, тој ќе го напушти клубот во јуни“, изјави Енцо Раиола.
Бонавентура е дел од Милан од 2014 година кога пристигна од Аталанта за 7 милиони евра. Во изминатите години кај сите тренери беше клучна фигура во тимот, а и оваа сезона игра важна улога кај Пиоли.
30-годишниот Италијанец минатата сезона ја пропушти поради повреда на коленото, но оваа сезона полека влегува во препознатливата форма.
Enzo Raiola: “Bonaventura will not renew his contract with Milan. Unless a major turnaround, he will leave in June.”https://t.co/uGJ3sqH3Cn
— Milan Eye (@MilanEye) January 21, 2020