Новото засилување на Баерн Минхен, Алваро Одриазола го изрази своето задоволство за трансферот на „Алијанц Арена“.
24-годишниот десен бек не добиваше голема минутажа во Реал Мадрид, па реши да се пресели во Баерн на позајмица до крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакам да му се заблагодарам на клубот што покажа интерес за мене. Чест и привилегија е да се игра за вака голем клуб како Баерн. Сум го гледал многу пати на телевизија и секогаш мечтаев да играм за овој клуб“, истакна Одриазола.
„Јас сум спремен. Не дојдов тука за да си го губам времето, дојдов да играм. Вистина е дека немав голема минутажа, но добро тренирав и сум комплетно спремен за игра. Веќе мислам за мечот со Шалке и би бил многу среќен ако играм“, додаде Шпанецот.
#FCBayern have signed @alvaroodriozola on loan until the end of the season ✍️#MiaSanMia pic.twitter.com/BDPRkTDLSi
— FC Bayern English (@FCBayernEN) January 22, 2020