Интер и Тотенхем веќе одреден период се во преговори за трансфер на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен.
Икскусниот фудбалер од средниот ред посакува да се пресели на „Меаца“, но од Тотенхем не се задоволни од понудата на „нероаѕурите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Играчот и неговиот агент побарале средба со претседателот Даниел Леви, па Ериксен денес и официјално ќе побара да биде продаден во Интер.
„Нероаѕурите“ имаат комплетен договор со Ериксен и испратија понуда од 18 милиони евра, па се оптимисти дека трансферот ќе се реализира во следните денови.
„Ериксен е фантастичен играч. Ние чекаме и во исто време сме убедени дека договорот ќе биде постигнат“, изјави Бепе Марота.
Inter have reportedly increased their offer for Christian Eriksen to €18m (£15.3m).
— TeamRumorsTransfers 24/7 ⚽ ? ? (@rumorstransfers) January 22, 2020
Tuttomercatoweb state that while there has not yet been a positive response from Spurs, it looks likely that a deal will be done in January – probably for €20m (£17m). pic.twitter.com/MDOC7uR7Rc