Дома Фудбал Англија Дали голманот од 80 милиони евра станува проблем за Лампард?

Дали голманот од 80 милиони евра станува проблем за Лампард?

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага се најде на мета на критики на Островот.

Челзи беше поразен од Њукасл минатито викенд, а островските медиуми прстот го вперија кон Кепа Аризабалага. Голем дел од јавноста смета дека Кепа можел подобро да реагира при голот на Азјак Хајден во четвртата минута од судиското продолжение.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Тоа е нешто кое не може да се смета за грешка. Ако тоа успееше да го одбрани, ќе беше тоа одлична одбрана. Но, мислам дека во Премиер лигата постојат повеќе голмани кои би го одбраниле тој удар. Ако го погледнете моментот на ударот со глава ќе видите дека рацете му се премногу вовлечени внатре. Така е тешко да се воспостави кординација. Потребни ви се брзи раце да ги доведете во неприродна положба“, изјави поранешниот премиелигашки голман Ричард Ли.

Статистиката е уште поголем противник на Кепа. Њукасл на тој натпревар успеа само два пати да шутне во рамките од голот, вториот удар заврши во мрежата на Кепа.

Дека ситуацијата со Кепа не е добра потврдува и тоа што 80 милиони евра платениот голман има најлош процент на одбрани од сите голмани во Премиер лигата. Аризабалага е на 55%. За споредба Алисон Бекер има 83%, Дин Хендерсон од Шефилд 75’%, Вистенте Гваита од Кристал Палас 73%, Каспер Шмајхел 71%….

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гундоган го критикуваше трагичарот на Барса, а тој му одговори: Подобро да не кажувам што мислам

Барселона беше иелиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа …