Ливерпул е подготвен да го продаде својот крилен фудбалер Џердан Шаќири.
Шаќири во Ливерпул има улога на замена и тука е по потреба да го замени Салах или некој друг од првата постава. Црвените се спремни да го пуштат да замине, но не во овој преоден рок, пишува новинарот Џејмс Пирс.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според него, Ливерпул ќе го продаде швајцарскиот репрезентативец на лето, а за неговите услуги планира да бара 30 милиони евра.
Овој месец интерес за играчот покажаа Рома и Севиља, но нивните понуди се одбиени и играчот барем до летоска ќе биде на Енфилд.
Јасно е дека Јирген Клоп нема да се коцка, има многу натпревари и му е потребна долга клупа до крајот на сезоната, а Шаќири е играч кој може да даде свој допринос од втор план.