Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и оваа сезона, па наскоро би можел да направи трансфер во Милано.
Миланските гиганти Милан и Интер веќе подолго време го следат Аргентинецот, а сега „росонерите“ превзедоа и конкретни чекори за негов ангажман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, агентот на Де Паул, Аугустин Хименес денес пристигна во Милано на средба со директорите на Милан и ги започна преговорите за трансфер на „Сан Сиро“.
Милан наскоро ќе го продаде Сусо, кој повеќе не е во плановите на клубот, па во Де Паул гледа идеална замена за Шпанецот.
Де Паул може да игра на повеќе позиции во тимот и е идеален за новата формација на тренерот Пиоли, а Милан е спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис.