Откако вчера претседателот на Газиантеп потврди дека преговараат за доведување на Јаховиќ, денес турските медиуми лансираа нова вест, Јаховиќ се договорил, но не со Газиантеп – со Анталијаспор!
Од утрово на големо се пишува дека македонскиот напаѓач постигнал договор со Анталијаспор и наскоро се очекува овој трансфер да биде потврден.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако навистина трансферот се реализира, Анталијаспор ќе биде четврти клуб за Јаховиќ во Турција за исто толку години.
Во главно каде и да играше Јаховиќ тресеше мрежи, одличен е и сезонава во која на 23 натпревари постигна 14 голови и е трет стрелец во турската Суперлига.