Дома Топ вести Трансфери во живо: Сити со мега-понуда за Санчез, Ливерпул спрема нова „бомба“, Монако му го „украде“ Кеита на Јуве и Интер

Трансфери во живо: Сити со мега-понуда за Санчез, Ливерпул спрема нова „бомба“, Монако му го „украде“ Кеита на Јуве и Интер

Трансфер периодот ширум Европа влезе во завршна фаза. Останаа уште само три дена, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Главна вест на денот е новата понуда која Пеп Гвардиола ја испрати до Арсенал за Алексис Санчез. Англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ го нудат Рахим Стерлинг и пари за Чилеанецот (ОВДЕ).


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


-Напаѓачот на Лацио Кеита Балде е главна тема на Апенините. За него силен интерес покажуваат Јувентус, Милан и Интер, но сега во трката се приклучи и Монако.

-Јувентус го договори трансферот на Ховедес од Шалке за 15 милиони евра. „Старата дама“ до крајот на преодниот рок работи уште на три засилувања (ОВДЕ).

-Торино испрати нова понуда до Милан за Мбаје Нианг од 15 милиони евра, па италијанските медиуми тврдат дека двете страни се блиску до договор.

-Премиерлигашот Свонси е во напредни преговори со Баерн Минхен за едногодишна позајмица на Ренато Санчез.

Алексис Санчез побарал да го напушти тренинг кампот на Чиле поради „лични работи“. Медиумите претпоставуваат дека во следните два дена можно е да се комплетира неговиот трансфер во Манчестер Сити.

-Официјално: Играчот за врска на Селта, Папе Шеик е новото засилување на Лион, каде потпиша петгодишен договор.

-Официјално: Стоук го комплетираше трансферот на играчот на Тотенхем, Кевин Вимер за 18 милиони фунти.

-Ливерпул вчера го договори трансферот на Наби Кеита од Лајпциг за 50 милиони евра, а денес англиските медиуми тврдат дека „црвените“ ќе тргнат по Матео Ковачиќ од Реал Мадрид кој е отворен за преселба на „Енфилд“.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Монако постигнал договор со Лацио за трансфер на Кеита Балде за 30 милиони евра. Играчот се очекува денес да пристигне во Монтекарло на прегледи.

– Пресврт: Пепе Реина ја одби богатата понуда од Пари Сент Жермен и ќе остане во Наполи (ОВДЕ)

– Шпанските медиуми пренесуваат дека Зидан имал состанок со Флорентино Перез и побарал што е можно побрзо да му биде доведен еден напаѓач (ОВДЕ).

– „Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер постигнал договор со Шкодран Мустафи, но проблем е Арсенал кој не сака да го пушти дефанзивецот. Понудата на „нероаѕурите“ е едногодишна позајмица со право на откуп, но „топџиите“ не се согласуваат со таквата формула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судијата Радески спаси живот на фудбалер 🎥

Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – За…